HomeДЕНЕШНАСветСоларен авион полетал од Шпанија за Египет

Соларен авион полетал од Шпанија за Египет

Авион на соларен погон „Солар импулс 2“ полетал од Шпанија и се упатил за Египет, во претпоследната етапа од патот околу светот користејќи исклучиво сончева енергија. Организаторите соопштиле дека авионот полетал од аеродромот во Севиља и дек се очекува да слет во Карио за 50 часа.

Во оваа етапа со авионот управува пилотот Андре Боршберг. Претходно авионот прелетал преку Атлантскиот океан, а во Севиља слетл после 3 дена на 23 јуни. Соларниот авион на патот околу светот полетал од Абу Даби на 9 март 2015 година, каде би требало и да заврши неговото патување. За време на досегашниот лет правел паузи во Оман, Мајнмар, Кина и Јапонија.

Solarni-avion

Најризичен дел од патувањето било летањето преку Пацификот, кој бил поминат во две етапи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com