HomeДЕНЕШНАСветСовремено ропство: Папата Франциск против експлоатацијата на работниците

Современо ропство: Папата Франциск против експлоатацијата на работниците

Поглаварот на Рикоматоличката црква, папата Франциско денеска оцени дека експлоатацијата на работниците во модерното општетсво претставува форма на совремно ропство. Папата нагласи дека работодавците кои ги експлоатираат своите работиници поради профит прават „смртен грев“, оценувајќи дека тие со тоа воопшто не се разликуваат од трговците со луѓе, кои во минатото поробувале Африканци и ги продавале како робови во Америка.

Во беседата, пренесувана дирекно преку Радио Ватикан, папата нагласи дека оние кои „живеат од човечка крв прават смртен грев и мора да сносат казна за да им биде простен тој грев“. Папата Франциско досега во неколку наварти упатуваше критики на сметка на глобалната економија, која ја оцени како „неправедна“, бидејќи, според него, таа „ги осиромашува сиромашните и ја уништува животната средина“.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com