HomeАНТИСТРЕСЕкимСовети кои ќе ви помогнат во борбата против целулитот

Совети кои ќе ви помогнат во борбата против целулитот

Целулитот е проблем на многу жени. Има неколку работи на кои треба да внимавате и неколку совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од оваа лоша појава.

– Секое утро на празен желудник пијте две мали лажици јаболков оцет, бидејќи тој е одличен чистач на организмот и ќе ви помогне да ги елиминирате токсините.

– Во исхраната вклучете ленено семе, овесни снегулки и јачмен.

– Кељот, брокулите, блитвата и спанаќот би требало да бидат основата на исхраната, бидејќи се богати со витаминот Ц, калиум и калциум, а имаат мошне малку калории и не содржат масти.
zelen zelencuk
– Избегнувајте премногу солена и зачинета храна, бидејќи таа ја задржува водата во телото, а тоа е една од основните причини за настанување на целулитот.

– Секој ден најмалку еднаш испијте зелен или чај од бреза, кој исто така го подобрува исфрлањето на вишокот течности.

– Заборавете на фабричките сокови полни со шеќери, а наместо нив пијте уште повеќе вода – два литра дневно се пожелна доза.
zelen caj cimet
– Издвојте секој ден барем 20 минути за вежбање за да го забрзате метаболизмот.

– Пред спиење нежно масирајте ја кожата зафатена со целулит со талог кафе, бидејќи тоа ја стимулира циркулацијата на крвта и лимфата. Потоа, туширајте се наизменично со топла и студена вода.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com