HomeДЕНЕШНАПолитикаСобрани над 15.000 евра за казните на „шарените револуционери“

Собрани над 15.000 евра за казните на „шарените револуционери“

Во текот на вчерашниот солидарен настан, кој се одржа во „Кафе Бар Излет“, граѓаните покажаа што значи „заедно сме посилни“! За време на настанот беа собрани 15 528 евра, информираат од „Излет“ каде се одвиваше целодневниот хепенинг „Еден за сите, сите за еден“.

„Им благодариме на сите граѓани кои се солидаризираа со сите оние кои добија и ќе добијат драконски казни само заради своето изразување на право на протест. Заедно сме посилни! Сите за еден, еден за сите!“, стои во соопштението.

Инаку, со донаторскиот настан се даваше поддршка и се собираа донации за подмирување на казните за демонтрантите од „Шарената револуција“. Од движењето потенцираа дека само во изминатите неколку денови, само во Скопје се поднесени кривични пријави против 7 од најактивните граѓани – т.н. „шарени командоси“, за кои се очекува да добија огромни парични казни за боењето на „Порта Македонија“. Исто така, нагласија дека се поднесуваат прекршочни пријави против десетици други граѓани, а огромни парични казни за изразување на своето право на протест се очекува да добијат и демонстрантите кои се уште се во домашен притвор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com