HomeДЕНЕШНАПолитикаСобраниска расправа во 12 часот за состојбата во поплавените подрачја

Собраниска расправа во 12 часот за состојбата во поплавените подрачја

Денеска напладне Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 115. седница на која ќе се дискутира за моменталната состојба на поплавените подрачја во државата од невремето кое се случи на 6-ти август.

Опозициската СДСМ побара да се одржи оваа итна седница, се со цел да се предложат итни мерки за помош на најзагрозените лица кои претрпеле огромни штети во поплавите во кои животот го загубија 22 лица. Во соопштението од кабинетот на претседателот на Парламентот беше посочено дека се очекува до почетокот на седницата Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com