HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието ќе одржи надзорна расправа за поплавите. Дали ќе се бара одговорност?

Собранието ќе одржи надзорна расправа за поплавите. Дали ќе се бара одговорност?

Собранието наскоро треба да одржи надзорна расправа на која ќе се дискутира за поплавите од 6 август. Ваква одлука донесе собраниска Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. Датумот на расправата, како што инфомрира претседателот на Комисијата Панче Орцев од СДСМ, дополнително ќе биде одреден на координации. Дотогаш, вели Орцев, ќе се разговара за листата на сведоци од кои ќе се бараат одговори дали биле спроведени сите законски обврски од посочените области со кои би можело да се превенираат случувањата од 6 август.

Тој од името на предлагачот – пратеничката група на СДСМ, појасни дека целта на барањето за надзорна расправа е да се дебатира за пропустите и одговорностите при справувањето со поплавите што го зафатија скопскиот и тетовскиот регион на 6 август годинава.

„Министрите за земјоделство, транспорт и врски, животна средина, внатрешни работи и локална самоуправа, градоначалниците на Скопје и Гази Баба, директорите на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Управата за хидрометеоролошки работи ќе бидат на листата на сведоци, а која веројатно ќе биде надополнета и со повеќемина експерти“, нагласува Орцев.

На надзорната расправа прашања до сведоците може да поставуваат членовите на комисијата, но може да се вклучат и други пратеници. Од надзорната расправа ќе треба да се донесе заклучок кој го усвојува Собранието.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com