HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието нема да одлучува за големите задолжувања, отфрлен предлогот на Трајанов

Собранието нема да одлучува за големите задолжувања, отфрлен предлогот на Трајанов

Мнозинството пратеници во Собранието го отфрлија предлогот на Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, за големите кредити земени преку еврообврзница, да има собраниска расправа а со тоа и поголема контрола за што ќе се трошат парите. Парламентот нема да одлучува за задолжувањата на Владата поголеми од 100 милиони евра.

Не може без транспарентна постапка да се зголемува јавниот долг, да нема стратегија каде ќе одат парите, дали ќе се зголеми БДП, ако парите се за клиентелизам и предизбори, ќе биде неодговорно – рече Павле Трајанов од Демократски сојуз.

Опозицијата ги поддржа предложените законски измени. „Не знаеме за што се трошат парите од еврообврзниците, постојано се земаат нови кредити а продолжуваат да се градат непродуктивни и неразбирливи проекти. Луѓе живееме на кредит, вие владеете на кредит, не можете пензии да исплатите, не можете да го прекинете должничкиот ланец, а кога ќе решите да штедите и тоа ке биде на грбот на граѓаните “ – рече Марјанчо Николов од СДСМ.

Пратенците од власта сметаат дека предложеното ограничување на задолжувањата е непотребно и ги отфрлаат обвинувањата дека растат скриените долгови. „Стратегиите за финансирање и водење на политиките ги добиваат и спроведуваат тие што ке победат на избори. Да се врши задршка до кој износ треба да биде еврообврзницата, тоа го нема во ниту една земја – рече Владанка Авировиќ од ВМРО ДПМНЕ.

Фич го намали кредитниот рејтинг на Македонија, а според предложениот ребаланс буџетскиот дефицит ќе порасне на 4 % од БДП.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com