HomeДЕНЕШНАЕкономијаСобранието го донесе ребалансот на Буџетот за 2016 година

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот за 2016 година

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 111.седница со 55 гласа „за“ и 23 „против“ го донесе ребалансот на Буџетот за 2016 година. За буџетот не гласаа пратениците од опозицијата. Во рамки на неколкудневната општа расправа по предлогот пратениците од СДСМ и други опозициски пратеници истакнаа дека не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена.

Ребалансот на Буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милион и на вкупните расходи од 196,276 на 195,472 милиони.

Дефицитот е ревидиран од 18,984 на 21,181 милион денари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com