HomeДЕНЕШНАСветСоборен авион на сириската армија

Соборен авион на сириската армија

 

Сириската армија денес соопшти дека воен авион е соборен со ракета и дека пилотот се катапултирал. Сириската опсерваторија за човекови права и бунтовницте тврдат дека припадници на Фронтот ал Нусра, група поврзана со Ал Каеда, го заробиле пилотот. Објавена е и снимка на која се гледа како авионот паѓа, а десетина луѓе се собрале околу маж кој лежи во прашината. Некои од нив викаат „Тој е Сириец“, а други „Земете му го оружјето“, пренесува МИА.

Од страна на Сириската опсерваторија за човекови е потвредно дека исламистичките бунтовници собориле воен авион јужно од Алепо, каде во тек се судири меѓу бунтовниците и сириската војска и нејзините сојузници.

Според очевидиците облак од чад се издигнал  пред авионот да падне во областа Талат, каде припадниците на Фронтот ал Нусра беа изложени на бомбардирање на сириски и руски авиони.

Опсерваторијата наведе дека се уште е непозната судбината на пилотот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com