HomeДЕНЕШНАСкопјеСобирање донации за казните на шарените револуционери во „Излет“

Собирање донации за казните на шарените револуционери во „Излет“

Утре во 13 часот во кафето Излет ќе се собираат донации за паричните казни кои Шарените револуциоерни се очекува да ги добијат за за боењето на Портата,

– Шарената револуција продолжува со својата борба за враќање на правдата и демократијата во Република Македонија. Но, за жал оваа револуција не е без своите жртви. Притисоците продолжуваат, заканите и уцените продолжуваат. Кафе бар Излет беше дел од еден од ваквите напади. Нас нема да не исплашат. Ќе ја продолжиме нашата поддршка за сите граѓани кои се борат за еднаквост, правда и слобода!
izletВо изминативе неколку дена, притисоците од МВР се заострија. Само во Скопје се поднесени кривични пријави против 7 од најактивните граѓани – нашите Шарени Командоси. За нив се очекува да добијат огромни парични казни за боењето на Триумфалната порта. Целиот персонал од кафе бар Излет, поттикнат од морални и солидарни причини, се одлучи да организира настан за собирање на парични донации во Вторник (07.06.2016), кој ќе започне во 13ч и ќе трае до крајот на работното време. СИТЕ ЗА ЕДЕН и ЕДЕН ЗА СИТЕ! Само заедно сме најсилни против злото на овој режим. Да бидеме сите солидарни и да им помогнеме на оние од нас кои си го ризикуваат животот и своите најблиски, во името на сите нас, во името на сите граѓани на Република Македонија. За слобода, за правда, за еднаквост! – стои во информациите за настанот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com