HomeДЕНЕШНАСветСноуден и направи услуга на јавноста – призна обвинителот кој ја поднесе тужбата

Сноуден и направи услуга на јавноста – призна обвинителот кој ја поднесе тужбата

Поранешниот јавен обвинител на Америка, Ерик Холдер призна дека Едвард Сноуден направил јавно добро. Според него, Сноуден и направил услуга на јавноста со откривањето на документите кои покренуваат дебата за техниките за надгледување, но сепак треба да одговара за откривање класифицирани документи.

Холдер за Си Ен Ен изјавил дека го оправдува фактот што е покрената дебата за владините начини на прислушкување, но не го оправдува начинот на кој Сноуден го направил тоа, бидејќи ги нарушил американските безбедносни интереси. Ерик Холдер кој го поднесе обвинението против Сноуден, рече дека во моментот кога протекоа документите, Америка имала проблем да ја одржи безбедноста бидејќи многу агенти се нашле во опасност и многу меѓународни односи биле нарушени.
edvard snowden
Според Холдер, Сноуден треба да се врати во Америка и да одговара за своите дела, но судијата треба да го змеме во предвид јавниот интерес. Уште тогаш, Холдер сакал да го вметне јавниот интерес во обвинителниот акт, но според американскиот Акт за шпионажа, не е дозволено да се брани со јавен интерес, ниту да се зборува за „свиркачи“ на судењето.

Токму за овој Акт, САД доби многу меѓународни критики бидејќи таканаречените „свиркачи“ не се третирани како лица кои работат за јавниот интерес, туку како шпиуни. Органите на прогон под водството на Холдер, имаат покренато најмногу обвиненија за шпиунажа против „свиркачи“ во Америка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина без дозвола на редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com