HomeАЈНШТАЈНИЈААтомСмартфоните привлекуваат громови – Мит или вистина?

Смартфоните привлекуваат громови – Мит или вистина?

При секое невреме се враќа митот дека мобилните телефони се ризик плус додека има бура и дека се „магнет“ за привлекување на громови поради електромагнетните зрачење. Сепак, експертите потсетуваат дека смартфоните воопшто не допринесуваат за привлекување на молњи, туку дека самите фиксни телефони поврзани со кабел се многу поопасни бидејќи се поврзани на струја.

Всушност и при силно невреме се препорачува да се исклучат сите електронски уреди и да се „отштекаат“ бидејќи при струен напон може да се оштетат, а во ретки и бизарни инциденти да ви пренесат и дел од електричниот удар.

Во секој случај кога има силни грмотевици избегнувајте да сликате или снимате од вашиот балкон бидејќи во тој момент од повисока позиција повеќе се изложувате на ризик ако во близина удри гром при што ефектот може да се пренесе и на вас.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com