HomeГИГА БАЈТХај текСлушалката Pilot симултано преведува меѓу странски соговорници

Слушалката Pilot симултано преведува меѓу странски соговорници

Pilot е нов иновативен апарат со слушалка кој обезбедува симултан превод при разговор и засега може да преведува четири светски јазици, англиски, француски, италијански и шпански, а има амбиции да додаде и словенски јазици и многу други.

Замислата на Pilot е идентична како и во научно-фантастичните филмови каде навидум сите говорат на универзален јазик благодарение токму на уред за симултан превод како што е Pilot кој засега дава одлични резултати.

Проектот на Waverly Labs се води преку јавна кампања за финансирање на Indiegogo каде чини околу 150 долари во почетната фаза, а доколку заврши успешно и производот се најде во продажба ќе чини за сто долари поскапо. Како на вас ви се чини идејата за Pilot и дали сметате дека има потенцијал да прерасне во „комуникаторот“ од Ѕвездени патеки.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com