HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСлучајот „Погба“- Во Торино се донесе одлука!

Случајот „Погба“- Во Торино се донесе одлука!

Пол Погба често се шпекулира како фудбалер кој би можел да направи голем летен трансфер и некој кој би можел да го раздрма европскиот фудбал. Еден од најдобрите млади фудбалери на светот и момче за кое се предвидува дека ќе може да дојде до Златната топка ког ќе помине ерата на Меси и Роналдо, најверојатно ќе остане во Јувентус.

Пол Погба е фудбалерк кој се наоѓаше на мета на Реал Мадрид и Барселона, па потоа на двата тима од Манчестер. Сепак, Мино Раила добил известување од Јувентус во кое јасно стои- „Погба останува играч на Јувентус и околу тоа нема никакви дилеми“. Јувентус сака да се засили за следната сезона, имаат програма и план околу тоа како да работат за да продолжат да освојуваат титули, а Погба е еден од важните делови од планот.

Информацијата дека Раиола ја добил оваа информација и дека Погба нема да биде продаден, ја пренесе новинарот Ди Марцио, кој важи за еден од најдоверливите спортски новинари. Значи, од бомби од видот „Погба“ за сега нема да има ништо.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com