HomeРЕФЛЕКТОРФилмСлучајно откриен насловот на осмото продолжение на „Star Wars“?

Случајно откриен насловот на осмото продолжение на „Star Wars“?

Видео-снимката која под неразјаснети околности се најде на сајтот „Редит“, случајно или можеби пак намерно го открива можниот наслов на наредното, осмо продолжение на популарната франшиза „Star Wars“. Иако насловите „Tale of the Jedi Temple“ и „The Order of the Dark Side“ порано беа пласирани во медиумите како можни, сепак сега се поставува прашањето дали се појави и трета и конечна опција?

Снимката е во траење со 37 секунди и прикажува екран со прилично веродостоен наслов „Fall of the Resistancе“ крена голема прашина помеѓу обожавателите на оваа франшиза. Британските медиуми пренесуваат дека или се работи за грешка или е даден лажен наслов, но сметаат и дека тоа може да биде име на на видео-игра според оваа серија или друга мини-серија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com