HomeДЕНЕШНАСветСлон со камен усмрти девојче во зоолошка градина во Мароко

Слон со камен усмрти девојче во зоолошка градина во Мароко

Седумгодишно девојче го загуби животот откако во зоолошка градина во Мароко слон ја погоди со камен во главата. Девојчето заедно со нејзиното семејство стоела недалеку од просторот во кој се наоѓал слонот во зоолошката градина во главниот град на Мароко кога се случила трагедијата. Според зборовите на очевидци, слонот земал голем камен со помош на својата сурла и го фрлил високо, погодувајќи го девојчето во глава.

Повреденото девојче во несвесна состојба била веднаш префрлено во болница каде набргу починала поради здобиените повреди. Функционерите на зоолошката градина го изразиле своето сочувство и изјавиле дека ваквите трагедии претставувале вистинска реткост. „Ваквите несреќи се ретко случуваат но се случуваат и на други места во светот, сетете се на крокодилот во Орландо“, велат функционерите.

На интернет беше објавена и снимка која беше избришана за неколку секунди откако девојчето беше погодено со камен, а на социјалните мрежи можат да се прочитаат и тврдења дека на итната помош и требало многу време за да стигне до местото на несреќата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com