HomeДЕНЕШНАСветСловенија прославува 25 години од прогласувањето на својата независност

Словенија прославува 25 години од прогласувањето на својата независност

На денешен ден во 1991 година Словенија стана независна држава по пат на референдум, со што се одвои од поранешна Југославија. Владата на оваа земја го искористи поводот да ја изјасни својата наклонетост кон Европската унија, по гласањето на Велика Британија за излез до Унијата. Словенија е дел од ЕУ од 2004 година, а во монетарната еврозона влегува во 2007 година.


Словенија останува цврсто посветена на зајакнување на Европската унија. Верувам дека ЕУ треба да биде зачуван како проект кој ќе го зацврсти мирот, соработката, слободата и безбедноста“, изјави премиерот Миро Церар.


Претседателите на Германија, Унгарија, Италија и Хрватска учествуваа во официјалните прослави во Љубљана.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com