HomeДЕНЕШНАСветСловенечкиот министер за финансии поднесе оставка

Словенечкиот министер за финансии поднесе оставка

Словенечкиот министер за финансии, Душан Мрамор денеска поднесе неоптповиклива оставка поради лични причини. Премиерот, Миро Церар ја прифати оставката и го извести Парламентот. Мрамор на прес-конференција истакна дека оставката е мотивирана само од причини од лична природа и дека сака да ја продолжи универзитетската кариера како професор по економија на љубљанскиот Економски факултетет.

Тој две години беше во Владата на Церар, а во 90-тите години исто така беше министер за финансии во владата на Јанез Дрновшек.

Лондонското списание „Банкер“ на почетокот од годината го прогласи Мрамор за најуспешен европски министер за финансии поради достигнувањата во симулирање на економскиот раст и балансирање на јавните финансии, како и за приватизација на државните претпријатија и стабилизација на банкарскиот систем.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com