HomeРЕФЛЕКТОРФилмСлавниот актер Мет Дејмон најави пауза

Славниот актер Мет Дејмон најави пауза

Холивудската ѕвезда Мет Дејмон вели дека мора да направи пауза од снимањето, бидејќи сака да му посвети време на своето семејство. Ѕвездата на остварувањето Џејсон Борн објаснува дека бил многу уморен, бидејќи одработил четири филма без да направи пауза, а на ред е уште еден.

met dejmon 1

Тој сега сака да посвети повеќе време на своето семејство откако, како што вели тој со години ги шетал ширум светот по филмските сетови. „Навистина се добри. Одлично е да се патува со нив“, вели актерот. Дејмон е во брак со Лусијана Барозо и имаат две ќерки. „Возбуден сум поради тоа што кога ќе завршам со работата ќе имам повеќе време да бидам со нив“, истакна Дејмон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com