HomeДЕНЕШНАПолитикаСлаб одзив – Спорните гласачи или не знаат или навистина се фантоми

Слаб одзив – Спорните гласачи или не знаат или навистина се фантоми

Од списокот на околу 40 илјади спорни гласачи за кои ДИК нема целосна потврда од вкрстената проверка на податоците од различни државни институции засега се пријавиле околу 400 граѓани за да го потврдат својот идентитет и на тој начин да го задржат правото на глас.

Рокот за регистрација веќе тече, па слабиот одзив се должи на две можни причини или граѓаните воопшто не знаат дека се издвоени на овој список на спорни гласачи на ДИК или пак навистина станува збор за „фантоми“ како што ги нарекуваат во медиумите.

Засега најмногу пријавени има од скопските општини Чаир, Бутел, Аеродром и Карпош. За да проверите дали и вие сте на овој спорен список погледнете на страната на ДИК.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com