HomeUncategorizedСлабата сезона „удри“ на цените, соби во Хрватска и за 10 евра

Слабата сезона „удри“ на цените, соби во Хрватска и за 10 евра

Гостите од Чешка, Словачка, БиХ и Полска оваа година се помалубројни во Хрватска, па лицата кои нудат сместување покрај Јадранско море драстично ги симнаа цените на собите. Слободна Далмација пишува дека поради паника од празни апартмани, сопствениците на куќи во првиот ред покрај морето нудат сместување и за неверојатни 10 евра.

Имено, четирикреветен апартман во Сукошан се нуди за 30 евра, во Биоград за 35 евра, во Зантон за само 27 евра, на островот Паг, соба во апартман до крајот на јуни чинеше 12 евра, а во Водицe четири лица може да летуваат во апартман за 30 евра. Ниту во Сплит, креветите не се полни, па така апартман за четири лица на Бачвица се изнајмува за 50 евра, а во Макарска на море за 40 евра, во Каштела креветот во апартман чини од 6 до 8 евра, колку и во некои прзни апартамани на Пелешец.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com