HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопје на последно место на листата на најинвентивните градови

Скопје на последно место на листата на најинвентивните градови

Главниот град на Македонија го доби незавидливото 431 место на листата на најиновативните градови во Европа и Русија. Врз основа на анализата на институтот „ To think now“ со седиште во Мелбурн Австралија, нашиот град се наоѓа на последното место.

На глобално ниво, пак, Скопје е меѓу последните, односно најнеинвентивните градови, на 430-то од вкупно 442 места, во друштво на танзаниски Дар ес Салаам, Тегусигалпа од Хондурас, Алжир, белоруски Минск, пакистански Лахор и други.

Листата се составува врз основа на 162 податочни индикатори, а е заснована на основните фактори како што се здравјето, богатството, популацијата или географијата. Од останатите балкански градови Белград е на 101 место, Љубљана на 154-то, Софија на 254-то, а Загреб на 237-то.

На првото место на светската листа е Лондон, а по него се Сан Франциско, Виена, Бостон и Сеул.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com