HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиСкопски цветен фестивал по трети пат

Скопски цветен фестивал по трети пат

Викендов, на 14-ти и 15-ти мај, во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи Третиот по ред Скопски цветен фестивал. Фестивалот ќе започне со цветно дефиле на учениците од нижите одделенија и велосипедисти од неколку велосипедски здруженија. Во двата фестивалски дена ќе се одржат креативни работилници за сите возрасти, арт галерии, рекреативни активности, како и многу забава и дружење на сите љубители на цвеќето и природата. Главен покровител на фестивалот е Градоначалникот на град Скопје, а организатор е ЈП Паркови и зеленило-Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com