HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопски марш за сеќавање на Сребреница

Скопски марш за сеќавање на Сребреница

Марш во Скопје по повод 21 година од масакрот во Сребреница. Маршот го одбележува сеќавањето за масакрот во кој беа убиени над осум илјади Босанци во Сребреница во 1995, а по четврти пат го организираат Босанската културна заедница и босанските невладини организации.

„Сребреница не смее да се заборави, Сребреница треба да се памти, ова обврска не е само на босанските невладини организации туку и на Државата, која има усвоено резолуција за Сребреница и има должност да го одбележи овој ден. Организираме марш на мирот со еден единствена цел, за да го свртиме вниманието уште еднаш на страшната случка, овој страшен масакар, овој страшен геноцид во Босна и Херцеговина, за да идните генерации да не заборават, од оваа за излечат поука и никогаш повеќе да не се случи ваков геноцид на невини луѓе на територијата на Европа.”, изјави Џемил Бектовиќ, Претседател на Босанска културна заедница.

Од Босанската културна заедница истекнаа дека секоја година бараат од политичарите да бидат дел од маршот, и да ги поддржат, но никогаш не добиле одговор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com