HomeДЕНЕШНАПолитикаСкандал во Неготино – Клубот на млади ООЦК против мешањето на партиски лица од власта

Скандал во Неготино – Клубот на млади ООЦК против мешањето на партиски лица од власта

Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст во Неготино реагираат за мешањето на партиски лица од ВМРО-ДПМНЕ при собирањето на донации на отворениот пункт.

ООЦК Неготино потенцира дека никогаш не сака да меша политика во нивната активност што е спротивно на статусот и начелата, но биле принудени да се спротистават на лица од партиските организации на ВМРО-ДПМНЕ кои дошле на пунктот каде веќе биле собрани средства за да се рекламираат пред медиумите.

„Никогаш не сме посакале да имаме работа со политика, нема ни да посакаме. Ќе се бориме за нашето правило, за да не останеме политички обележани, за народот да не ни го врти грбот, туку да не поддржува. Имаме една цел, да го браниме нашиот клуб, кој е сплотен и напорно работи со години за доброто на општеството. Клубот на млади ООЦК Неготино ќе си остани со чист образ и понатаму. Ве замолуваме да го СПОДЕЛЕТЕ овој пост, за сите да го дознаат овој запустен, лош потег на рекламирање на искомплексираните, неуспешни политички партии. Истото важи за сите нив, ниту вмро, ниту сдсм нема да дозволиме за влезе во нашиот клуб“ – стои во нивното обраќање на Фејсбук страната.

Од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино посочија дека сакале само да изразат благодарност за акцијата. Сепак, од ООЦК Неготино посочуваат дека не сакаат политички етикети.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com