HomeДЕНЕШНАСветСкандал во Женева: Снимен сатанистички обред во дворот на најголемата научна институција

Скандал во Женева: Снимен сатанистички обред во дворот на најголемата научна институција

Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) покрена истрага по објавувањето на филмот, пародија за принесување на човечки жртви, снимен ноќе во нивните простории поради што се доведе под знак прашалник безбедносната на најголемата научна лабораторија во светот.

Снимката на интернет е поставена на 11 август, а покажува неколку луѓе со затемнети лица кои изведуваат обред пред кипот на божицата Шива во дворот на ЦЕРН.

– Видеото е снимено во внатрешноста на нашата зграда, но без наша дозвола и знаење. Покрената е внатрешна истрага, истакна портпаролката на ЦЕРН.

Теоретичарите на заговор, по објавувањето на филмот, тврдат дека во ЦЕРН се изведуваат ритуални жртвувања.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com