HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСкандалот заташкан, ЕБУ не и ја одзема победата на Џамала

Скандалот заташкан, ЕБУ не и ја одзема победата на Џамала

Според правилото на Евровизија каде што се наведува дека композициите учеснички не смеат да бидат изведени пред 1 октомври, служи за на натпреварот да учествуваат  нови песни секоја година, и сите тие да имаат еднакви услови и шанси. Целта на ова правило е да се спречи комерцијалната и медиумска дистрибуција на песната, со што таа би се здобила со  нефер предност во однос на конкуренцијата.

Случајот на Џамала и  нејзината песна „1944 година“ го привлече вниманието на ЕБУ заради снимката од нејзиниот  перформанс од 18 мај 2015 година. Наводно, снимката на нејзиниот  концерт  имал само мал број прегледи ( неколку стотини пати )до моментот кога беше откриена, пред неколку дена.

„И во минатото, некои песни беа јавно достапни пред тој датум, но тие не беа достапни на пошироката публика, па затоа и на тие песни им беше дозволено да учествуваат на Евровизија“ – велат од ЕБУ.

Водени од минатото искуство, решија дека порано објавеното видео на Џамала не и дало нефер предност над другите песни – учеснички на годинешниот Евросонг и со тоа песната според правилата можела да се натпреварува!

Колку за потсетување, неодамна беше откриена снимка од Џамала, кога таа песната ја пее на 18 мај 2015 година во Киев на денот на комеморацијата посветена  на етничкото чистење и депортацијата на кримските Татари, многу  порано отколку што според  правилата на ЕБУ, смеела јавно да ја изведе.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com