HomeДЕНЕШНАЕкономијаСкандалозна зделка? Комунална хигиена и ФАС 11 октомври разменија простории

Скандалозна зделка? Комунална хигиена и ФАС 11 октомври разменија простории

Јавното претпријатие Комунална хигиена разменува простории со фирмата Unitires. Претпријатието ќе се всели во старата управна зграда на поранешната фабрика за автобуси ФАС 11 октомври, додека фирмата Unitires која ја поседува бизнисменот Распашковски го добива имотот на Комунална хигиена во центарот на Скопје.

Директорот на претпријатието Ракип Дочи, соопшти дека имало два огласи, а се јавил само еден заинтересиран, фирмата на Распашковски. Тој додаде дека главната предност на претпријатието е што ќе биде на исто место со својата авто база, но според изворите на Новатв.мк апсурдот е голем поради тоа што и понатаму Комуналното претпријатие ќе плаќа кирија.

Порталот еден ден пред Дочи да излезе на прес конференција го постави прашањето: дали договорот е во интерес на јавното претпријатие. Просториите на Комунална хигиена во строгиот центар на Скопје се проценети на 1.561.950 евра или по 1.147 евра по метар квадратен. Додека зградата на фирмата Unitires на бизнисменот Славе Распашковски во општина Гази Баба е проценета на 4.939.104 евра или по 915 евра за метар квадратен. Разликата меѓу овие две суми, или 3.377.000 евра, Комунална хигиена ќе му ја доплати на Распашковски.

Директорот потврдува дека јавното претпријатие се уште плаќа кирија за возниот парк на истиот сопственик и вели дека тоа дополнително ќе се решава. За состојбите во јавното претпријатие реагираа и од опозициската СДСМ од каде побараа одлуката за размена на недвижен имот итно да биде повлечена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com