HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСија, Синди, Ким и Кајли во новиот спот на Кание Вест

Сија, Синди, Ким и Кајли во новиот спот на Кание Вест

Изненадување во вид на спот за песната „Wolves“ пристигнува од кујната на креативниот тим на Кание Вест. Во клипот можат да се видат повеќе познати лица од светот на модата, а гост е и Сија. Спотот за песната „Wolves“ од албумот „Life of Pablo“ е снимен во црно-бело техника.

Манекенките Кајли Џенер, Синди Крафорд, Марија Боргес и креативниот директор на модната куќа „Balmain“ Оливија Рустен се појавуваат во овој седум минутен спот. Вест и неговата сопртуга Ким Кардашијан се прикажани со солзи на очите. Спотот бил снимен за време на забавата после вечерата која ја организирал овој моден бренд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com