HomeАНТИСТРЕСГурманСитници со чија помош на брз начин се губат килограми!

Ситници со чија помош на брз начин се губат килограми!

Бројни стручни лица во областа на здравјето и нутриционизмот сметаат дека тајната на успехот во слабеењето е во малите нешта- ситници со помош на кои со текот на времето се усвојуваат здрави навики, а истовремено да не се создаваат фрустрации поради преголемите откажувања во исхраната.

Магазинот „Њујорк Пост“ објави неколку совети кои ќе го забрзат процесот за намалување на вишок килограми.

Сецкајте ја храната на помали парчиња

Преку сецкањето на храната на помали парчиња всушност го залажуваме мозокот на тој начин да помисли дека на чинијата се наоѓа многу храна и на тој начин да не „натера“ да изедеме помалку. Истражувањата покажуваат дека најголем дел од луѓето конзумираат 25 отсто помалку храна кога таа е исецкана на помали парчиња. Со сецкањето на оброкот создаваме илузија дека конзумираме повеќе храна, со што се создава чувство на заситеност.

Ishrana-f2

Користете ги двете раце

Користењето на доминантни раце при вршењето на секојдневните активности е нешто што се случува несвесно. Во прашање е автоматски образец кој е всаден во мозокот и токму поради кој е возможно да се прејадеме, бидејќи исхраната е процес кој го вршиме несвесно. Сепак, доколку при исхраната почнете да ја користете и другата рака кој не ви е доминантна, ќе се натерате самите себеси да го „исклучите автопилотот“ и да обратите внимание на тоа што го работите и на количината која ја внесувате.

Рашчистете ја хаотичната кујна

Кујната е потребно да ја одржувате што поедноставно и препорачливо е да ја уредите во минималистички стил, препорачуваат стручните лица, бидејќи токму големата гужва во кујната го поддржува усвојувањето на негативни навики, меѓу кои е и прејадувањето. Бројни истражувања покажале дека хаотичните и неуредните кујни со себе повлекуваат уште една лоша навика- често грицкање на нездрави грицки.

IShrana-f3

Прекинете да ги користите телефоните за време на оброк

Било да гледате некој видео-клип или да разменувате пораки на Фејсбук-во прашање се активности кои не би требало да ги вршите за време на оброкот, бидејќи на тој начин лесно можете да внесете повеќе храна од потребното. Вршењето на некои други активности за време на оброкот, се покажало дека храната се губи од фокусот и на тој начин се блокира чувството на заситеност, правејќи не неспособни да почувствуваме колку храна всушност сме внеле во нашиот организам.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com