HomeДЕНЕШНАСветСирија тврди дека соборила два израелски авиона, Ерусалим негира

Сирија тврди дека соборила два израелски авиона, Ерусалим негира

Сириската армија тврди дека соборила два израелски авиона, вклучувајќи едно беспилотно летало, откако тие ги нападнале владините позиции во јужниот дел на земјата.

– Нашата воздушна одбрана го блокираше нападот и го собори авионот во јужната провинција Кунеитра и едно беспилотно летало во провинцијата Дамаск, се наведува со соопштението на државната новинска агенција САНА, јави Танјуг.

Израел негира дека сириската војска соборила негов авион.

– Во текот на ноќта две ракети земја-воздух беа лансирани од Сирија, по што израелската војска изврши напад на позиции на сириската артилерија. Во ниту еден момент безбедноста на израелските авиони не е доведена во прашање. Нема ништо точно во нивните тврдења, рече портпаролот на војската Арије Шаликар.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com