HomeДЕНЕШНАРепубликаСиноќа невреме во Неготинско, град во Куманово

Синоќа невреме во Неготинско, град во Куманово

Невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер вчера доцна попладне и во вечерните часови го зафати Неготинско, а во околината на Куманово е регистрирана и појава на град, соопштуваат од УХМР.

Локална појава на пороен дожд и грмежи се регистрирани во северните и источните делови од Македонија. Во текот на ноќта, како што наведуваат од УХМР, на повеќе места имало појава на слаб дожд.

Според мерењата на Управата за изминатите 24 часа, до 8 часот изутринава наврнати се во Демир Капија 6 литри на метар квадратен, Берово три, Пожар два и Маврово еден литар на метар квадратен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com