HomeДЕНЕШНАСветСинот на претседателот на Екваторска Гвинеја на суд поради луксуз!

Синот на претседателот на Екваторска Гвинеја на суд поради луксуз!

Истражниот суд во Париз побара судење за Теодорин Обијанг, синот на претседателот на Екваторска Гвинеја и потпретседател на таа мала држава во Централна Африка, за да се утврди од каде му се парите за необично луксузниот живот кој го живее во Франција. После престојот во најскапите палати, Теодорин Обијанг на крајот се сместил во приватна резиденција од 4.000 метри квадратни со три спрати за престој од вкупно 1.900 метри квадратни. Некои од „деталите“ на оваа палата се спортска сала, дискотека и кино.

teodorin-o-f2

Судиите ја отвориле истрагата во 2005 година откако Обијанг купил резиденција за 25 милиони евра. Се проценува дека вложил дополнителни 12 милиони евра за преуредување на резиденцијата украсена со мермерни скулптури. За време на претресот во 2012 година, кој траел неколку дена и барал употреба на неколку камиони за преселување на бројни вредни предмети, била запленета колекција од бројни скапоцени кристални предмети и канцелариска опрема со многу голема вредност, како и најскапите марки на автомобили кои ги поседувал.

Обијанг сакал да вложува во накит, скапоцени вина и уметнички дела. Пред седум години купил цела колекција од високата мода на Ив-Сен Лоран и Пјер Берже за 18.3 милиони евра. Неговите поранешни службеници велат дека Обијанг секогаш во кеш ги плаќал своите трошоци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com