HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСинот на Боб Марли: Беше одличен спринтер!

Синот на Боб Марли: Беше одличен спринтер!

Можеби многумина никогаш не би можеле ниту да претпостават, поради широко познатиот факт дека Боб Марли конзумирал марихуана, но славниот музичар исто така бил и врвен спортист. Бил легенда во пинг-понг, обожавал да игра фудбал, а неговиот син Стивен неодамна откри дека бил и одличен спринтер. Во едно интервју, во кое Стивен Марли го промовира својот нов албум „Revelation Part II: Fruit of Life“, зборуваше и за неговиот татко и неговите омилени активности.

Bob-Marli-f3

44-годишниот Стивен и денес се сеќава на вештините за играње пинг-понг на својот татко, но истакнува дека од секогаш го чудела неговата неверојатна брзина при трчање: „Беше многу брз. Се сеќавам дека организиравме трки и секогаш мислев дека можам да бидам побрз од него. Но, тој човек беше неверојатно брз“.

Стивен се сеќава на трчањето со својот татко еднаш неделно, што претставувало настан за целото семејство: Ќе отидевме на село, бидејќи таму имавме имот, во Јамајка. Во недела се тркавме, никој не можеше да го победи него“, вели Стивен. Зиги Марли, другиот син на Боб, нешто порано откри дека неговиот татко редовно трчал наутро, но никогаш не раскажуваше за семејните трки кои Боб Марли ги организирал.

2

Атлетските способности на Боб и не треба да бидат некое изненадување, бидејќи општо е познато колку тој го сакал фудбалот. Поседувал неверојатни способности во таа игра и неговиот официјален сајт и денес има специјален дел во кој се наоѓаат фотографии додека тој игра фудбал. Марли во една прилика на еден новинар му рекол: „Доколку сакате да ме запознаете ќе мора да играте фудбал против мене и мојот бенд, Тhе Wailers“.

Stiven-Marli

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com