HomeДЕНЕШНАСветСините шлемови на ОН повторно обвинети за силување

Сините шлемови на ОН повторно обвинети за силување

Мировниците на Обединетите нации наместо да се грижат за цивилното население во воени региони каде има закани за етнички чистења и масакри повторно се вовлечени во скандали и се обвинети за силувања и сексуални злоупотреби. Оваа тема веќе ја обработувавме кога го пренесовме извештајот за Сините шлемови во африканските мисии каде над 100 случаи на силувања.

Сега покренати се 29 обвиненија до мировната мисија на ОН во Централноафриканската Република, седум до мисијата во Конго, две на Хаити и по една во Јужен Судан, Брегот на Слоновата Коска, Мали, спорната погранична територија меѓу Судан и Јужен Судан, како и до политичката мисија на ОН во Либија и мисијата која ја надгледува мировната спогодба на Блискиот Исток.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com