HomeДЕНЕШНАЕкономијаСиндикатот на трговски работници бара проверка од КХВ за преземањето на Макпетрол

Синдикатот на трговски работници бара проверка од КХВ за преземањето на Макпетрол

Синдикатот на работниците од трговијата на Македонија упати барање до Комисијата за хартии од вредност да провери кое лице стои зад преземањето на Макпетрол.

„Очигледно е дека компанија со 1.000 евра капитал не може да обезбеди сопствени средства за да го изврши преземањето, односно чиј е капиталот кој служи за преземањето, а после тоа да се провери дали тој што стои зад преземањето е угледен и искусен стопанственик во нафтениот бизнис, кој има кредибилитет и нуди гаранции дека нема да бидат загрозени работничките права на над 2000 вработени во Макпетрол АД Скопје и другите компании каде Макпетрол е сопственик“, се вели во барањето.

Синдикатот изразува надеж дека КХВ ќе донесе одлука со која ќе бидат заштитени работничките права.

Извор: reporter.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com