HomeДЕНЕШНАРепубликаСиндикатот на одбраната на протест пред владата

Синдикатот на одбраната на протест пред владата

Доста е од игнорантскиот однос на државата кон армијата, која е дојдена до дереџе правата да си ги бара на протест – порачаа синдикатот на одбрана и безбедност и професионалните војници, кој денеска излегува на протест пред владата, пренесе 24 Вести.

Од синдикатот велат дека ќе побараат изедначување на платите и третманот со полицијата, но и покачување на како што велат, несоодветните дневници кои ги земаат за дополнителните задолженија. Посочуваат дека овие дневници се драстично помали во однос на другите вработени во администрацијата. Од синдикатите тврдат дека повеќе од една година се обидуваат преку Министерството за одбрана да издејствуваат подобрување на армискиот стандард, но оттаму наишле само на молк.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com