HomeДЕНЕШНАПолитикаСимона Спировска и Павле Богоевски ослободени со прекршочни пријави

Симона Спировска и Павле Богоевски ослободени со прекршочни пријави

Aтерката, Симона Спировска и активистот, Павле Богоевски кои беа спектакуларно уапсени од Aлфи и однесени во пс Беко по кратко време се ослободени, со прекршочни пријави – пишуваат активистите на социјалните мрежи. Тие пред околу еден час беа уапсени и однесени во полициската станица Беко.

Спировска, која била легитимирана, добила пријава бидејќи не носела лична карта, додека Богоевски добил пријава за јавна чистота, најверојатно поради боењето на зградата на Министерството за правда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com