HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСимеоне понуди сензационална трампа, Реал одби!

Симеоне понуди сензационална трампа, Реал одби!

Реал силно го посакува младиот „Јорганџија“, но не по секоја цена! Шпанските медиуми пренесуваат дека претпладне Реал одбил понуда на Атлетико Мадрид. Симооне очајнички бара нов напаѓач, прва мета и понатаму е Диего Коста, но Челси не сака да се откаже од Бразилецот. Икарди е исто така мета, но Атлетико денес прифати да го пушти одличниот млад дефанзивец Хименез во Реал, ако во замена го добијат Алваро Мората.

Уругваецот е голема желба на Реал, се зборуваше дека го гледаат како дефанзивец за иднината и дека е подготвени да им исплатат 60 милиони евра на комшииите, но не сакаат да го менат Мората. Имаат и понуда од Челси вредна 75 милиони евра, но постојат и големи шанса да го задржат на „Сантијаго Бернабеу“.

Што ќе направи Атлетико?

И понатаму ги разгледуваат опциите, покрај Икарди повторно се зборува за Игуаин, Де Лаурентис изјави дека Симеоне нуди 60 милиони и два или три играчи за да го добие „Пипита“. Се споменува и Гамеиро за кого Севиља бара дури 40 милиони евра, па останува да видиме каков потег ќе повлече Симеоне.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com