HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСимеоне испрти три понуди, ќе го сруши клубскиот рекорд!

Симеоне испрти три понуди, ќе го сруши клубскиот рекорд!

Понудите се испратени на три адреси, извесно е, доколку некоја од овие биде прифатена, Атлетико ќе има нов рекордер! Најголема сума која до сега клубот ја има платено е 40 милиони евра за Радамел Фалкао. Колумбиецот ги оправда парите, а сега се во потрага по нов напаѓач.

Имено, имаат 40 милиони кои ги добија од трансферот на Џексон Мартинез во Кина, а подготвени се да додадат уште 10 или дури 20 милиони, за да му се пронајде партнер на Гризман кој го продолжи договорот. Ова е дел од договорот меѓу Симеоне и управата на клубот, тие ветиле дека ќе создадат моќна екипа за Атлетико да може да се бори за титули. Аргентинецот верува дека е потребно да се преземат чекори бидејќи не може со мал буџет да се бори против Барселона и Реал Мадрид.

Кои се метите?

Игуаин

Најтешка мета е Гонзало Игуаин. Менаџерот и брат на аргентинскиот репрезентативец ја отвори вратата на Игуаин за излез од Наполи, но тешко е да се верува дека 60 милиони ќе бидат доволни. Имено, клаузулата во договорот изнесува 94 милиони, тоа нема да го плати никој, но ниту Де Лаурентис не сака да го пушти „Пипита“ за многу помала сума.

Стара приказна е Диего Коста. Од Атлетико се надеваат дека Челси ќе попушти и ќе му дозволи на Бразилецот да се врати назад. „Сините“ го доведоа „новиот дрогба“ од Лион, а ако го доведат и Мората, јасно е дека Коста би можел да се врати на „Калдерон“, што и е негова желба.

Аубамејанг

И за крај Обамејанг.

Габонецот сака во Шпанија, неговата поголема желба е Реал, Дортмунд исто така не сака да се откаже од него, но пнуда од 60 милиони би ја променила перцепцијата ја Германците. Во секој случај не очекува жешко лето. Атлетико има пари па ќе видиме кого ќе успеат да донесат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com