HomeДЕНЕШНАСветСилното невреме во Кина си го направи своето, над 200 загинати, а 16 милиони се евакуирани

Силното невреме во Кина си го направи своето, над 200 загинати, а 16 милиони се евакуирани

Во поплавите во Кина предизвикани од летните дождови вкупно загинаа над 200 луѓе, а 16 милиони лица се евакуирани, јавија кинеските државни медиуми.

Според последните податоци во покраината Хенан, централна Кина загинаа 15 луѓе, а деветмина се водат како исчезнати. Поради поплавите 7,2 милиони луѓе ги напуштија домовите. Водената стихија оштети 18.000 куќи.

Уште девет лица загинаа, а 11 се исчезнати во соседната покраина Хебеј, а евакуирани се девет милиони луѓе.

Поплавите уништија над 1,5 милиони хектари посеви.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com