HomeДЕНЕШНАРепубликаСилното невреме во Долненско поплави куќи и уништи земјоделски култури

Силното невреме во Долненско поплави куќи и уништи земјоделски култури

Големо невреме синоќа го зафати и Прилепскиот регион, при што поплави куќи и уништи површини со тутун и жито.

Според Центарот за управување со кризи од Прилеп и градоначалоникот на Долнени, Боше Милошески, најпогодени се Лажани каде беа поплавени 10-ина куќи и селото Кошино.

Водата носела и трактори, а глетката од невремето била морничава.

Денеска на теренот ќе се утврдуваат штетите од силното невреме.

Од Центарот за управување со кризи потврдуваат дека силното невреме синоќа освен поплави, предизвика и  прекин на електричната енергија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com