HomeДЕНЕШНАСветСилна експлозија во Кина, повеќе од 20 мртви

Силна експлозија во Кина, повеќе од 20 мртви

Најмалку 21 лице починало, а пет се повредени во експлозија која се случила во електрана во Кина, пренесува кинеската агенција „Синхуа“. Според информациите од локалните медиуми, се стравува дека бројот на жртви може да биде многу повисок.

Локалните функционери потврдија дека причина за експлозијата бил големиот притисок во една цевка. Ова е уште една во низата од индустриски несреќи во Кина, иако владата одлучила да го зголеми нивото на безбедност. Несреќата се случила ден воочи годишницата од големата експлозија во складиштето за хемикалии каде починаа 165 лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com