HomeДЕНЕШНАСветСилна експлозија во Дижон, има повредени

Силна експлозија во Дижон, има повредени

Најмалку 16 лица се повредени, од кои две потешко, во експлозија која го погодика францускиот град Дижон, пренесуваат локалните медиуми. Причината за експлозијата, која одекнала околу 9 часот и 30 минути во близина на градската железничка станица, за сега не е утврдена, но се претпоставува дека е во прашање истекување на гас, соопштија локалните власти.

Од силната експлозија делимично се срушила една зграда, која е евакуирана, а во тој момент во неа се наоѓале десетина лица, во приземјето и на спратот. Шеснаесет лица биле префрлени во болница, од кои две се наоѓале во критична состојба, а две претрпеле психилошки шок.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com