HomeДЕНЕШНАРепубликаСилен земјотрес ги испаничи Скопјани, надлежните смируваат

Силен земјотрес ги испаничи Скопјани, надлежните смируваат

Утрово околу 7 часот беше почуствуван силен земјотрес кој за среќа траеше многу кратко од неколку секунди и следеа силни повратни шокови, но секако беше доволен за да ги испаничи Скопјани, особено по поплавите и народно проширеното верување дека по водена катастрофа следува и земјотрес.

Според Сеизмолошката опсерваторија земотресот бил со јачина од околу 4.4 степени според Рихтеровата скала и тоа вообичаено за скопското трусно подрачје бидејќи вакви потреси се честа појава. Сепак од Сеизмолошката опсерваторија ја смируваат состојбата и велат дека нема простор за загриженост.

Епицентарот на земјотресот бил во регионот Скопска Црна Гора на длабочина од 2-3 километри во атарот на селото Црешово, на 7 километри од центарот на Скопје, според податоците на Институтот за сеизмолошко инженерство и инженерска сеизмологија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com