HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСилен дожд во Скадар, прекинат натпреварот меѓу Албанија и Македонија!

Силен дожд во Скадар, прекинат натпреварот меѓу Албанија и Македонија!

Албанија и Македонија денес во Скадар го играа првиот натпревар од квалификациите за Светско првенство, а натпреварот во второто полувреме, поточно во 75 минута беше прекинат поради силни врнежи од дожд. Судијата ги повлече играчите за да почека и да види дали ќе се смири невремето, но откако дождот не го намали својот интензитет на паѓање натпреварот беше и официјално прекинат и ќе се доигра утре од 12 часот.

Натпреварот беше прекинат при резултат од 1:1, а според правилата на ФИФА тоа значи дека двете селекции ќе ги поделат поените. Албанија дојде во водство уште во 9 минута со голот на Садуку, Македонија го изедначи резултатот во 51. преку Алијоски, за потоа да започе силно време и судијата да биде принуден да го прекине предвреме натпреварот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com