HomeДЕНЕШНАРегионСе „чисти“ корупцијата од албанското судство: Над 100 судии и обвинители поднесоа оставки

Се „чисти“ корупцијата од албанското судство: Над 100 судии и обвинители поднесоа оставки

Само еден месец по усвојувањето на реформите во албанското судство, над сто судии и обвинители од различни нивоа поднесоа оставки, пренесува албанската телевизиска станица „Топ Чанел“, повикувајќи се на судските институции во земјата.

Башким Сулстарова, еден од најпознатите адвокати во Албанија, вели дека оние кои поднесоа оставки сфатија дека со реформите сите судии и обвинители кои се замешани во криминални активности, сакале или не, ќе бидат сменети од страна на иституциите. Се оценува дека бројот на судиите и обвинителите кои ќе продолжат да поднесуваат оставки ќе биде многу поголем.

Реформите во сферата на судството кои беа усвоени во албанското Собрание, беа направени под силен притисок на меѓународниот фактор, особено ЕУ и САД, бидејќи нивните оценки се дека во Албанија судството е најкорумпираниот сектор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com