HomeДЕНЕШНАРегионСе чисти корупцијата во Србија, паднаа 49 функционери

Се чисти корупцијата во Србија, паднаа 49 функционери

Србија „ги чисти“ корумпираните функционери. Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефанович изјави дека во големата акција “Скенер 2” во земјата се уапсени 49 лица, поради корупција и злоупотреба на положбата, а по две лица интензивно се трага, пренесува Б92. Против 25 лица се поднесени кривични пријави во редовна постапка.

Сите овие лица од 2007-мата до денес направиле повеќе кривични дела и го оштетиле буџетот на Србија, повеќе стопански субјекти и физички лица во износ од околу 7,6 милиони евра, вели Стефановиќ.

Тој навел дека меѓу уапсените во повеќе градови на Србија се наоѓаат раководители вработени во Министерството за финансии, во Даночната управа, во некогашното Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, функционери на локалната самоуправа, јавни претпријатија, Патишта Србија, Електростропанство Србија, Пошта на Србија, Електросмет, како и 12 сообраќајни полицајци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com