HomeДЕНЕШНАЕкономијаСе чека влез на Lycamobile за да се намалат цените на телефонијата

Се чека влез на Lycamobile за да се намалат цените на телефонијата

Британскиот виртуелен мобилен оператор Lycamobile во Македонија ќе функционира со префиксот 079 и се очекува да допринесе во спуштање на цените на мобилните и фиксните услуги.

lycamobile macedonia

Во изработка е и нивниот веб сајт со mk домен кој се уште не е активен, а telefoni.mk пренесува дел од новитетите, па цените се доста актрактивни со 1.9 денари минута, 2.9 денари СМС порака, а ќе може да се земе и бесплатна СИМ картичка.

lycamobile ceni Неодамна од АЕК соопштија дека актуелните цени на телефонските услуги во Македонија се зголемени за околу 15 % што е резултат на спојувањето на мобилните и дигиталните оператори Оне и Вип, но од државното регулаторно тело велат дека тоа нема долго да го дозволат.

Можеби токму влезот на трет мобилен оператор како Lycamobile ќе допринесе за враќање на компетитивноста, а со тоа и држење на цените на пониско ниво за бенефит на крајните корисници.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com