HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиСе укинува „Ѕвездите на Гранд“. Не се радувате прерано, ќе има замена

Се укинува „Ѕвездите на Гранд“. Не се радувате прерано, ќе има замена

38_1000x0

Многумина зборуваат дека нашите медиуми се преоптеретени со српските натпреварувачки шоуа. Сега пристигна вест дека едно од нив ќе згасне. Но, не се радувајте прерано бидејќи ќе има замена.

Директорот на продукцијата „Гранд“ Саша Поповиќ одлучи од септември да го укине шоуто „Ѕвездите на Гранд“, но ќе започне нов проект, во кој исто така ќе се натпреваруваат млади таленти. Извор близок на продукцијата за српски „Ало“ екслузивно открива дека по повеќе од десет години емитување, шоуто нема да постои.

Новиот проект, според изворот, ќе биде во досега невиден формат и со ново име. Во него ќе остане истата жири-комисија која во моментот суди во „Ѕвездите на Гранд“, но со ново засилување. За оваа цел ќе се гради ново студио, а продукцијата се надева дека овој проект ќе ги помести границите. Потврда пристигнала и од самиот Поповиќ, според кој никој во светот не видел вакво нешто, какво што тој подготвува.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com